Неколку парчиња внимателно одбрани шницли, малку вино, многу љубов и добивате феноменален фамилијарен ручек. Ако не ви се готви сами, распоредете ги обрвските. Така секогаш готвењето е побрзо и позабавно.
Телешки шницли во вино
By October 9, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 40 mins
Неколку парчиња внимателно одбрани шницли, малку вино, многу љубов и …
Ingredients
- 500 г телешки шницли
- 200 мл бело вино
- малку сол, црн пипер
- малку брашно
- 40 г путер
- малку свеж магдонос (сечкан)
Instructions
1.Парчињата телешки гради ставете ги врз кујнска даска, помеѓу мрсна хартија за печење и со кујнски чекан исчукајте ги колку да добијат форма, но и са станат потенки.
2.Сите парчиња извалкајте ги во брашно, а одозгора наросете малку сол и црн пипер.
3.Во тава за пржење, растопете го путерот и пржете ги парчињата телешки гради. После околу 5 минути, свртете ги од другата страна. Кога се скоро готови, додадете вино.
4.Оставете ги на оган уште околу 5 минути или се додека не испари алкохолот од виното.
5.Наросете малку магдонос и сервирајте ги топли во комбинација со печен компир или друг додаток по желба.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна