Превкусен, лесен и едноставен оброк. Може да се комбинира со пире, печени компири, ориз, тестенини, а одличен е и како сос за тортиљи.
Телешко со пиперки и боранија
By April 7, 2013
Published:Превкусен, лесен и едноставен оброк. Може да се комбинира со пире, печени …
Ingredients
- 600 гр Телешко месо ситно сецкано
- 400-500 гр Зелени пиперки исецкани на кругчиња или ленти
- 150 гр Зелена боранија
- 1 главица Кромид
- 3-4 супена лажица соја сос
- 200-300 мл вода
- по желба сол
- по желба Црн пипер
- 1/2 кафена лажичка Мајчина душичка
- 1/2 кафена лажичка Коријандер
- по потреба Масло за пржење
Instructions
- 1.Телешкото месо се сецка на ситни парчиња (дебелина од 3-4 мм, и должина од 1-2 см). Се става во загреано масло да се запржи кратко на посилен оган (колку да фати боја).
- 2.Потоа му се додава водата, се поклопува со капак и се остава да се динста на тивко околу 30-40 минути.
- 3.Во посебно тавче се запржува прво кромидот исецкан на полукругови, потоа му се додаваат исецканите пиперки па повторно се запржува околу 5-6 минути, и на крајот се додава боранијата и се пржи уште 3-4 минути (додека не омекнат сите зеленчуци).
- 4.Зеленчукот се додава во тавата со месото (треба да има останато малку вода, а ако нема, можете да додадете), се додава соја сосот, и сите зачини и убаво се промешува. Се остава на оган уште 2-3 минути за да соединат вкусовите. Се служи топло.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна