Е ова е дефинитивно една од попаметните работи што секоја жена (а и маж :)) треба да си ја има во кујна. Принципот на работа на ова тенџере + сад за цедење е многу едноставен, ама и екстра функционален. Цедалката може да се користи одвоено од тенџерето или може да се закачи за него, па кога варите шпагети, макарони, зеленчук или било што друго, си ги ставате директно во цедалката, а потоа не морате да се горите од врелата пареа додека се обидувате да ја исцедите водата.

СО овој сад нема потреба од такво нешто. Елегантно само го наведнувате тенџерето над мијалникот, садот за цедење се ротира самиот и водата се цеди без да се мачите. Навистина одлично!

Тенџерчево + садот за цедење инаку можат да се набават тука!