Ако сакате да пробувате нови нешта, тогаш еве еден рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. Едноставен е за правење, а можете да го послужите како предјадење или како главно јадење. Одлично оди со ајвар и сирење!

Терина со урда и спанаќ

By Гастронаутка Published: March 14, 2014

  • Prep: 5 mins
  • Cook: 45 mins
  • Ready In: 50 mins

Ако сакате да пробувате нови нешта, тогаш еве еден рецепт кој сигурно ќе …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Ставете го тавчето за терина во ладилник за да се олади и загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. 2.Растопете го путерот во поголем сад над оган и додадете ги грубо исечканите ливчиња спанаќ и нане. пропржете малку колку да омекнат и оставете смесата да се олади. Melt butter in a large saucepan over medium heat. Raise the heat to medium-high, and cook spinach and mint leaves in the butter. Cook just
  3. 3.Измешајте ја урдата со јајцата и жолчките додека не добиете мазна смеса. Потоа додадете го брашното, пармезанот и мускатното оревче и повторно добро измешајте.
  4. 4.Додадете ги путерот со спанаќот и нането и зачинете со сол и црн пипер. Измешајте. Добро намастете го тавчето за печење со путер.
  5. 5.Истурете ја смесата во тавчето, покријте го со алуминиумска фолија и печете околу 30 минути. Потоа тргнете ја фолијата и печете уште 15 минути (боцнете со чепкалка да проверите дали е готово - чепкалката треба да излезе потполно чиста).
  6. 6.Извадете ја од рерна и оставете да се олади. Пред да ја извадите терината од тавчето, ставете го тавчето да постои малку во жешка вода и со нож поминете околу ивиците. Извадете ја терината и оставете потполно да се олади пред да ја сечете.