Навистина не ми е згодно да признаам, ама врска немам од било што што се однесува до вино. Всушност, знам само една работа – дека сакам црвено вино :). Ах, да, ќе заборавев. И знам дека црвеното вино оди во пошироки чаши, а белото во потесни. За жалење сум, нели? Знам, знам. И затоа решив да поучам малку.

Тргнав да читам за различни вина, па каков им е вкусот, па во што е разликата, па како се препознава добро вино ….. уф! Па ова 5 години треба да студирам само за тоа. А кај ми се плус посебните видови на чаши (да ти имало цели калсификации, не само она моето – дај широка за црно и тесна чаша за бело), па кај ми се комбинациите со јадења (е не оди секое вино со секое јадење), па уште на крајот и за секое вино посебна температура! Е нема смисла! И како да знам јас кога виното ми е на 17 или на 6 или на колку и да треба да биде степени?

И така, таман кога се спремив да се разочарам и да баталам се, налетувам на овој вински термометар. И што да ви кажам, ем изгледа ептен штосно, ем си стално сигурен дека виното ќе го послужиш на точната температура. Значи, вие нарачајте си го термометарчево овде, а јас отидов да се правам малку важна пред гостите! На здравје!