Тестенините и брокулата се големи љубовници. Совршено си одговараат еден со друг, па затоа се феноменална комбинација во моментите кога сакате да си приготвите здраво, вкусно и брзо ручече или вечера.
Тестенини со брокула
By September 21, 2012
Published:- Prep: 30 mins
- Cook: 0 min
- Ready In: 30 mins
Тестенините и брокулата се големи љубовници. Совршено си одговараат еден …
Ingredients
- 300 г брокула
- ½ пакетче тестенина по желба
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици брашно
- 1-2 чешниња лук (ситно сечкан)
- 1 коцка супа (растворена во 250 мл вода)
- 60 мл млеко
- 1 лажица кисела павлака
- 100 г рендан пармезан
- малку сол, црн пипер
Instructions
1.Сварете ги тестенините според упатството на пакетчето. Исцедете ги и вратете ги во истиот садот.
2.На тава за готвење, ставете маслиново масло и сечкан лук. Запржете неколку минути па додадете брашно. Промешајте и додаде супа од коцка, млеко и павлака. Кога ќе ја добие потребната густина, додадете и пармезан.
3.Во меѓувреме, ставете ја брокулата да се свари. На брокулата и е потребно околу 20 до 25 минути во зовриена солена вода да се свари.
4.Сосот и исечканата брокула префрлете ги во садот со тестенини. Измешајте и сервирај те.