Супер брза комбинација која гарантирано ќе ви се допадне. Само изберете си ги омилените тестенини, и уживајте во богатиот вкус на ова јадење.
Тестенини со шунка
By February 25, 2014
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 30 mins
Супер брза комбинација која гарантирано ќе ви се допадне. Само изберете …
Ingredients
- 250 г грашок (од конзерва или смрзнат)
- 250 г тестенини
- 2 супени лажици путер
- 200 г свежи шампињони (исечкани на тенки парчиња)
- 1 главица Кромид (ситно исечкан)
- 3 супени лажици брашно
- 125 мл супа од кокошка (коцка)
- 500 мл млеко
- 180 г шунка (исечкана на тенки ленти)
- 30 г рендан пармезан
- сол и црн пипер
- малку Мајчина душичка (или други зачини)
Instructions
- 1.Во поголемо тавче растопете го путерот на средна температура. Запржете ги печурките и кромидот околу 7-8 минути додека кромидот не стане проѕирен. Зачинете со сол, црн пипер и мајчина душичка.
- 2.Постепено додадете ја супата, а потоа и млекото. Варете со постојано мешање околу 10 минути или додека смесата скоро не зоврие и малку не се згусне.
- 3.Во меѓувреме, во солена вода сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Добро исцедете ги и ставете ги во керамичко тавче за печење премачкано со путер или малку масло.
- 4.Додадете го грашокот, шунката и сосот со печурки, посипете со пармезан и ставете го тавчето во рерна на 200 степени додека малку не се потпече.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна