Ако сте љубител на тестенини, било тоа шпагети, јуфки, канелони, лазањи, тогаш мора да пробате сами да ги направите. Задоволството е неизмерно. За приготвување на тестото за свежи тестенини потребно е само брашно, јајца и сол. Еве како се прави.

Тесто

Тесто за било кои свежи домашни тестенини (а ги има најразлични видови и форми) Италијанците го приготвуваат само од брашно, јајца и сол. Во принцип, на 100 г брашно доаѓа 1 јајце и малу сол. За 6 личности доволно е 500 г брашно, 5 јајца и 1 лажичка сол. Ако сте гурман, тогаш зголемете ја дозата. Од јајцата, брашното и солта се замесува тврдо тесто.  Навистина тврдо тесто. Тоа е и најтешкиот дела од работа. На почетокот ќе се чини дека тестото не може да го прими целото брашно, но треба да се биде упорен и да се меси. Мој совет е, откако малку е замесено, тестото да се остава 10-15 минути да се одмори, па повторно кратко измесете го. Така неколку пати. На крај треба да се добие мазно и тврдо тесто. Како и секое друго тесто, така и ова, најмалку половина саат треба да се одмори, но колку подолго, толку подобро. Совет: јас тестото го правам во блендер со мала брзина и немам мака со месењето. Откако ќе го извадам од блендерот, месам уште многу кратко време.

Добивање на кори (ленти) од тесто Следната фаза е танчење и сечење на тестото.

1. Рачно, без машинка Од тестото, со помош на оклагија, се сукаат тенки кори, онолку големи колку вам ви одговара. Од истегната кора се прави ролна која потоа, на дрвена (или пластична) даска, со остар нож, кората се сече на танки ленти. Ако тестото ви се лепи, слободно посипете го со брашно. Колку танки ќе се истанчат и колку долги ќе бидат тие ленти, зависи од вас и вашата желба. Јас обично ги сечам широки околу еден прст, а долги колку што ќе излезат. Формата е важна, но вкусот, секако е поважен.

2. Со машинка за јуфки Првин тестото се дели на помали топчиња. Тие се ставаат меѓу ваљаците на машинката и се извлекуваат кори, поточно долгнавести ленти. Со танчење на корите се започнува од најдебелиот степен. Лентите се оставаат 10 -15 минути да се потсушат (но не да испукаат) па се пристапува на следното танчење, сега веќе на потенкиот степен на машината. Постапката се повторува најмногу три пати, но ако тестото е доволно тврдо, може да се успее и само со две танчења. Задолжително е по секое тегнење, лентите да се остават малку да се потсушат. Доколку лентите не се потсушени (ако ги тенчите тие може да се изгужваат) тогаш посипете ги со брашно, со рака распределете го брашното колку што може порамномерно на целата површина на лентата и поминете ги уште еднаш меѓу ваљаците и тоа на еден или два степени потенки. Откако лентите се истанчени, следува нивно сечкање. Во зависност од тоа каква ви е желбата, сакате да приготвите шпагети или јуфки (таљатели), лентите се сечат подебели или потенки. Тоа се прави на делот од машинката наменет за тоа, односно на ножот за потесни ленти или за пошироки ленти. Изборот е Ваш.

[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]

Шпагети и талатељи (јуфки)

За да добиете шпагети, последното тегнење на лентите треба да биде на еден степен подебел од најтенкото, но тоа зависи од типот на машинката, односно колку тенко таа може да тенчи. Сечењето на лентите се прави на оној дел каде што се сече фиде (потесните ножеви). Ако сакате да добиете талатељи (јуфки), кои исто така се одлични, тогаш лентите треба да се исечат пошироки (на делот на машинката наменет за сечење на јуфки). Исечените ленти веднаш се посипуваат со брашно за да не се залепат. Штом се исечени, шпагетите или таљателите се ставаат во зовриена и солена вода и се варат најмногу 5 минути, не подолго, а за приготвување на сосот, сами одлучувате.

Лазањи Лазањите направени со свеж и домашни кори, по вкус не можат да се споредат со лазањи направени со оние купени од маркет. Лазањите се спремаат на вообичаен начин само што, во овој случај, лентите се истегнати на машинката за јуфки на најтенкиот степен за тегнење. Понатаму постапката е иста како и било која варијанта на лазањи да изберете.