Есента е сезона за тиквата. Постојат толку разновидни начини на нејзино приготвување, што ниеден друг зеленчук не и е рамен. На жалост, кај нас таа главно се пече а некои ја варат. Јас би рекла дека постојат две групи на луѓе. Во едната група спаѓаат оние кои ја обожаваат тиквата, а во втората група спаѓаат оние кој не ја поднесуваат. Па оваа статија е наменета за втората група луѓе за да осознаат што губат во животот и какви се здрави и хранливи продукти пропуштаат да внесат во својот организам. За втората група на луѓе, со оваа статија само ќе си го прошируваат своето знаење сврзано за тиквата.

Првин малку за самата тиква. Тиквите се едногодишни растенија од фамилијата Cucurbitaceae. Таа, како продукт во исхраната, се употребувала уште во далечното минато. Археолошките истражувања укажуваат дека тиквата се употребувала уште пред 3000 години, а можеби и 5000 години. Кој би знаел? Семки од тиква се најдени во гробниците на перуанските Индијанци, а жителите на древна Грција и Рим во исушена тиква чувале разни течности. Диви тикви биле најдени во северна Африка и се претпоставува дека и на тоа подрачје виреела тиквата од каде и се раширила по цел свет.

Постојат голем број разни видови тикви. Може да се поделат во две групи, зимски и летни тиква. Летната тиква обично е мека, а зимската е потврда, како од надвор така и од внатре. Зимските тикви, ако се чуваат на ладно место, може да траат подолго и до неколку месеци, не губејќи ги своите својства.

Меѓу зеленчукот, тиквата е шампион по содржина на железо, бакар, и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк кобалт, силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин побогата е тиквата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. И за крај, тиквата е мало калорична.Тикви и семки

Благодарение на високата содржина на калиум, тиквата ја подобрува работата на срцето, ги зацврстува крвните садови и го намалува отокот. Според тоа, тиквата е идеална храна за луѓе кои страдаат од кардиоваскуларни болести.

Ако имате болен црн дроб, тогаш треба да се консумира многу тиква и тоа сирова, неварена. Ако сировата не ви е вкусна тогаш комбинирајте ја со мед, ориз, просо или гриз.

Варена тиква особено е полезна за оние кои имаат проблем со киселини во желудникот. Лекарите препорачуваат тиква во исхраната на болните од чир на желудникот и дванаеспалачното црево, а полезна е при гастритис. Во сите случаи се препорачува пиење на сок од тиква. Тиквата е едно од најдобриот природен диуретик.

Сировата тиква го стимулира лачењето на жолчката, ја стимулира перисталтиката на дебелото црево, а со тоа помага при запек.

Сокот од тиква ги зацврстува забите и штити од кариес.

Тиквата го содржи малку познатиот и малку изучуван, витамин Т  кој всушност и не е вистински витамин туку преставува смеса од фолна киселина, витамин В12 и ДНА. Она што е карактеристично за овој витамин тоа е дека ретко се среќава во продуктите, но затоа пак го има во тиквата, а тоа не е мала работа.

Зошто е важен овој витамин? Затоа што тој зема активно учество при формирање на тромбоцитите и помага при згрудување на крвта, го забрзува процесот на размена на храната во организмот и учествува во процесот на создавање на протеини. Токму затоа, може да се каже дека тиквата е одличен гарнир (прилог) кон говедското, свинското и други масни меса.

Тиквата е многу корисна за лицата кои патат од анемија, едноставно затоа што тиквата ги содржи сите минерали кои учествуваат при создавање на крвта, а тоа се железото, кобалтот бакарот и цинкот.

Добро е да се знае и дека тиквата содржи соли на цинк, а тоа значи дека ја подржуваат потенцијата кај мажите. Во Индија тиквата ја ценат заради големата количина на витамин Е, тврдејќи дека го забавува стареењето.

Како лек се препорачува да се јаде 250-300 г рендана тиква, пред оброк, разделена на три оброци.

Маска за лице од тикваТиквата има примена и во козметиката како одлична маска за лице. Еве неколку предлози како да ја искористите тиквата во козметички цели.

Хранлива маска: 3 лажици варена тиква се меша со една жолчка и една лажичка мед. Се нанесува на лице, се остава да стои 15-тина минути и пото лицето се мие со ладна ода. Количината е релативно голема, па направете си „пижама парти“ со својата ќерка, снаа или некоја блиска женска личност. Во пижами, намачкани на лице, легнати во кревет и уживајте.

Маска за отстранување на акните, стеснување на порите и отстранување на блесокот на масна кожа на челото, добро е да се истрие лицето со парче тиква.

Маска за сува кожа: 2 лажици варена тиква, се меша со една лажица маслиново масло (може и друго растително масло). Од смесата се нанесува на лицето, се остава да постои 20 минути да делува и пото се мие со ладна вода.

Тиквата е одлично тонирачко средство за секаков вид кожа и тоа како сокот така и каша од тиква. За таа цел тиквата се ренда на ситната страна на рендето, се нанесува на кожата се остава на лицето околу 15-20 минути па потоа се симнува со вода.

Најмногу тиквата има примена во кулинарството. Може да се приготвуваат вкусни супи  од зеленчук, а пире од тиква може да се искористи во припремата на мафини, кекс, бисквити, колачи, но при тоа секогаш треба да се внимава дека, особено варената тиква, го навлажнува тестото, па во тој случај треба да се додаде или помалку од предвидената течност (вода, млеко) или да се додаде повеќе брашно.

Понекогаш се чини дека оброкот приготвен од тиква не е вкусен, но затоа тука се разните зачини и додатоци кои ќе го подобрат вкусот. Зачини, партнери на слатката тиква се циметот, мушкатното оревче, ѓумбирот, каранфилчето.

ЗАПОМНЕТЕ, ТИКВАТА МОЖЕ ДА СЕ ЈАДЕ СИРОВА.

Тиква Во табелата подолу што содржи 100 г тиква.

вода 90,3 г калиум 204 мг
протеини 1 г калциум 25 мг
масти 0,1 г магнезиум 14 мг
Јаглени хидрати 5,9 г натриум 4 мг
Моно и дисахариди 4 г фосфор 25 мг
Прехранбени влакна 1,2 г железо 400 мг
скроб 0,2 г јод 1 мг
Органски киселини 0,1 г кобалт 1 мг
каротин 1,5 мг манган 40 мг
Витамин С 8 мг бакар 180 мг
Витамин В1 (тиамин) 0,05 мг флуор 86
Витамин В2 (рибофлавин) 0,06 мг цинк 240 мг
Витамин В9(фолна киселина) 14 мг
Витамин РР (ниацин) 0,5 мг
Енергетска вредност 25 ккал