Морам да се пофалам дека оваа торта е една од најбрзите торти кои досега ги имам подготвено. Наместо да печам кори, купив готови кори на „Винчини“ кои ме воодушевија, а наместо сложени филови, подготвив крем од јајца и маскарпоне. Резултатoт беше одличен, оваа тирамису торта влегува во графата на омилени..:)

Тирамису торта

By Тетка Биберче Published: November 25, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 40 mins

Морам да се пофалам дека оваа торта е една од најбрзите торти кои досега …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Растворете го инстант кафето во вода и истурете неколку лажици кафе врз сите три кори.
  2. 2.Во сад погоден за на пареа, со миксер, изматете ги жолчките заедно со шеќерот во прав. Садот ставете го на пареа и варете ги жолчките околу 7-8 минути со постојано мешање.
  3. 3.Во смесата со жолчки додадете го маскарпоне сирењето и добро измешајте.
  4. 4.Со миксер, изматете ја хоплата и додадете ја во во смесата со маскарпоне. Се добро измешајте.
  5. 5.Филот поделте го на три дела и филувајте ги корите. Филувајте ја и последната кора и страничните делови.
  6. 6.Пишкотите пресечете ги на пола и со нив декорирајте ги страничните делови на тортата. Оставете ја барем неколку часа во фрижидер пред да ја сервирате.