Од многуте рецепти за еден од најпознатите италијански десерти, ние денес подготвивме верзија ала Мигусто, кој во многу нешта наликува на оригиналот. Доза за четири лица таман да заблажите на едно седнување и да не се секирате дека ќе ви остане подолго од неколку денови во фрижидер и ќе ви се расипе.
Тирамису за четири лица
By February 9, 2013
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Од многуте рецепти за еден од најпознатите италијански десерти, ние …
Ingredients
- 1 пакет пишкоти или било какво суво колаче
- 170 г маскарпоне (малку поблаго крем сирење)
- 1 јајце (или 2 ако се мали)
- 40 г шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1 лажица виски или рум
- 2-3 лажици нескафе
Instructions
1.Одделете ги белките од жолчките и со помош на миксер изматете ги. Постепено додавајте пола од шеќерот и матете се додека не добиете цврст снег.
2.Во друг сад, изматете ја жолчката, додадете го маскарпонето , остатокот од шеќерот и ванилиниот шеќер.
3.Внимателно, во шлагот од белки додадете ја смесата со маскарпонето и со лажица мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
4.Нескафето растворете го во 1оо мл вода и засладете го по вкус. Додадете е едно капаче рум.
5.Секоја пишкота натопете ја во нескафе и ставете ја на дното на чашата.
6.Одозгора ставете од подготвениот фил па повторно наредете од натопените пишкоти. Постапката повторете уште еднаш или повеќе во зависност од големината на чашата.
7.Завршете со слој од филот.
8.Одозгора наросете со какао во прав (несквик во нашиот случај) и оставете го во фрижидер барем неколку часа за вкусовите да се изедначат.
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна