Супер вкусна салата богата со многу витамини. Едноставна е за подготвување, таман додека го спремате главното јадење, салатата ќе биде готова. Ја имате нашата препорака и мора да ја пробате.

Тиролска салата

By А.А. Published: April 22, 2014

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 10 mins
  • Ready In: 20 mins

Супер вкусна салата богата со многу витамини. Едноставна е за …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Јајцата тврдо сварете ги и исечете ги на полумесечинки.
  2. 2.На кришките леб отстранете им ја кората и исечете ги на коцки. На тава, на малку масло за готвење, запржете ги кришките леб од двете страни. Префрлете ги врз салфета за да се впие вишокот маснотија.
  3. 3.Салата измијте ја и исушете ја. Исечкајте ја и префрлете ја во чинија за сервирање. Додајте ги јајцата, пршутата, маслинките, сечканите ротквици и коцките леб.
  4. 4.Подгответе го сосот: во помал сад, измешајте го оцетот и маслиновото масло. Лукчето ситно исечкајте го и додадете го. Залинете со сол и црн пипер.
  5. 5.Со подготвениот сос прелијте ја салата и додадете го пармезанот. Добар апетит!