Нашата причина број 1 која доведува до прејадување, а со тоа и до зголемување на бројот на килограми, е употребата на вештачки засладувачи. Практично оваа навика може значително да делува на бројот на килограми бидејќи, според истражувањата, вештачките засладувачи го збунуваат регулаторниот систем на организмот кој го контролира чувството на глад. Причината за ова е што вашиот организам очекува внес на калории секогаш кога јадете, меѓутоа воопшто не ги добива тие калории бидејќи нив ги нема во вештачките засладувачи. Како резултат на ова се чувствувате ненајадени, па барате повеќе храна. Уште повеќе, вештачките засладувачи можат да бидат и до 7000 пати послатки од обичниот шеќер, што може да доведе до уништување на чувството за вкус. И како за крај, имајте во предвид дека не само што вештачките засладувачи користат еден куп хемикалии кои се далеку од добри за вашиот организам, туку се кријат и во огромен број на други продукти. Затоа, секогаш проверете го составот на она што го купувате и барајте состојки како сахарин, аспартам, сукралоза, неотам, ацесулфам – сите овие се вештачки засладувачи.
Вештачки засладувач

Совет: ако веќе сте одлучни да користите вештачки засладувачи, немојте да користите повеќе од две дозички (пилули, апчиња) дневно. Ако ова ви е малку, обидете се да комбинирате едно апче со половина лажичка обичен или кафен шеќер. Сепак, најдобро би било комплетно да ги исфрлите вештачките засладувачи и наместо тоа да користите природни. Такви засладувачи се на пример медот или екстрактот од лист на стевиа (го има во нашите продавници за здрава храна).