Јадењето директно од ќесичка или пакување е рецепт за катастрофа во вистинска смисла на зборот. Кога посегнувате во нешто што наликува на вреќа без дно, можете да јадете и да јадете без да имате идеја колку навистина сте изеле. Уште повеќе, ако јадете директно од пакувањето, најверојатно ќе ја потцените количината на храна што сте ја конзумирале. Значи, ќе изедете повеќе отколку што ви е потребно, односно повторно ќе го оптоварите бројот на килограми.

Совет: секогаш бидете свесни  колку јадете. Ова значи дека, без разлика на тоа што јадете, прво ставете го во чинија, а потоа конзумирајте. Ако баш сакате да ви крцкаат ќесички и пластични кутивчиња во рацете, тогаш ограничете се на оние кои содржат максимум до 100 калории. Уште повеќе, ако купувате големи пакувања (што е нормалн поисплатливо, па како такво воопшто не е за занемарување во денешно време), поделете ги во неколку помали ќесички или садови и задржете се само на една порција.