Ја продолжуваме оваа серија со нашата трета топ причина која доведува до прејадување, а со тоа и до вишок на килограми. Немојте да правите други работи додека јадете. Една од најчестите причини кои доведуваат до прејадување е таканаречениот “мултитаскинг“. Во превод, ова значи дека јадете додека гледате телевизија, додека читате или додека работите на компјутер. Оваа навика го оттргнува вниманието од самото јадење, па не само што не можете потполно да уживате во вкусот на храната, туку и воопшто не внимавате колку храна конзумирате, што нормално, доведува до прејадување.

Совет: не правете ништо што може да ви го одвлекува вниманието додека јадете. Најдете место кое е далеку од вашиот телевизор или вашата работна маса и завршете го оброкот на мир. Земајќи го  предвид темпото на живот кој го живееме лесно е да се помисли дека дури и одвојувањето на 30 минути е преголемо губење на време. Но, запомнете дека е подобро да се посветат макар и 15 минути за јадење во мир, отколку 30 минути јадење во комбинација со некоја друга активност.