Истражувањата покажуваат дека кога јадете со други луѓе, практично губите поим за тоа колку всушност јадете. На пример, ако јадете во присуство на само еден човек, најверојатно ќе изедете околу 35% храна повеќе отколку ако јадете сами. Ако јадете во присуство на 4 други луѓе, количеството на изедена храна се зголемува за околу 75%. А ако јадете со група со 7 или повеќе луѓе, тогаш количеството на изедена храна скока на дури 96%, односно јадете скоро двојно повеќе отколку што би изеле кога би јаделе сами.

Уште една интересна информација. Просечниот човек јаде со група луѓе околу 3 пати неделно. Тоа значи дека, ако не сте внимателни, можете да внесете 72,000 калории повеќе од потребните за период од една година, а ова пак се преведува во вишок од 10 килограми на вашата телесна тежина.

Совет: немојте да се откажувате од дружењето и социјалниот живот, бидејќи оваа навика може да се изгуби и без тоа. Само запомнете дека поентата во заедничкиот оброк е дружењето, а не храната. Во секој случај би требало да внимавате на следното:

– Немојте да го следите ритамот на најбрзиот јадач на масата. Наместо тоа, одете во чекор со најбавниот. Исто така, потрудете се бидете последната личност што ќе започне со јадење (зборувајте малку повеќе или слушајте повнимателно).

– Обидете се вклучите и други активности покрај јадењето во вашите собирања. Добар пример би бил организирана групна прошетка после оброкот.