Летниот период сите сакаме да изгледаме згодно и фит. Да се ослободиме од неколкуте вишок килограми кои ни се закачиле во текот на зимата. Освен зголемената физичка активност која е задолжителна ако сакаме да ослабиме, она на што најмногу мораме да внимаваме е храната. Направивме краток список на намирници кои ќе ви помогнат да ја намалите надуеноста и да го добиете посакуваниот ефект на рамен стомак.

Краставица
Еден од нашите омилени зеленчуци. Совршен во комбинација до домати или тиквички. Поради големото количество на вода кој го има во краставицата, идеален е за летна детоксификација. Содржи многу малку калории, па затоа јадете го во секој ден од денот без грижа на совест.

Лубеница
Кришка лубеница нема повеќе од 100 калории и не содржи шеќер. Исто како и краставицата има голем процент на вода. Наш совет е во момент кога ќе ви се пријаде нешто благо, заменете го парчето чоколадо со кришка лубеница. Ефектот на намалена надуеност ќе го почувствувате веќе следниот ден.

Белка
Ако веќе толку многу ви се јаде омлет, направете го само со белка и нема да имате проблеми со надуеност. Белката од јајцето е богато со протеини и кога го конзумирате претставува вистински диуретик кој ќе ве ослободи од притисокот во стомакот.

Црно грозје
Вистински задоволство за сите сетила, но особено за стомак. Црното грозје ја намалува надуеноста во стомакот и идеално ја намалува потребата за благо. Ставете го грозјето преку ноќ во фрижидер и следниот ден имате одлична здрава заминација.

Ладно кафе
Избегнувајте газирани сокови. Освен што се екстремно калорични, од нив ќе добиете чувство на надуен балон. Кога ќе посакате да се освежите, одберете ладно кафе или чај. Не заборавајте на умереноста при засладување на овие пијалаци. Шеќерот употребувајте го во најмали можни количини.

Тиквички
Со овој вкусен зеленчук можете да приготвувате еден куп јадења. Едноставно се комбинира со многу вкусови што го прави идеален да спремите лесен ручек или ниско калорична вечера. Ја намалува надуеноста, а истовремено одлично ќе ве засити.