Меки , ровки, сочни и вкусни топчиња, рецепт на мама Лиле која серизоно си ја сфати работата кога и побаравме детални упатства. Кај нас, топчињата ги снема за час…. се надеваме дека исто ќе се случи и кај вас… На здравје нека ви е!
Топчиња со урда
By October 1, 2012
Published:- Prep: 40 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 55 mins
Меки , ровки, сочни и вкусни топчиња, рецепт на мама Лиле која серизоно си …
Ingredients
- 500 г брашно
- 100 г урда
- 150 мл млака вода (може и повеќе)
- ½ пакетче свеж квасец (20 г)
- 50 г путер
- 1 лажичка сол, шеќер
Instructions
1.Во еден сад се става урдата и водата и со помош на рачна метално венче се размешува. Во садот каде што ќе се меси тестото се ставаат измереното брашно, солта, шеќерот, квасецот и смесата од урда. Внимателно се премесува и се започнува со месење.
2.Потоа се додава растопениот путер (не смее да биде врел) и се продолжува со месењето додека се добие средно меко тесто кое не се лепи на рацете. Доколку тесто е тврдо, а тоа значи дека урдата била сува, тогаш се додава уште малку вода и се продолжува со месење.
3.Количината на водата многу зависи од типот на урда. Ако урдата е сува тогаш се зголемува дозата на водата, а ако е мека и течна, тогаш се намалува количината на водата, или се додава малку брашно во тестото. Во секој случај, тестото се меси додека се добие убаво мазно тесто кое не се лепи на раката.
4.Садот се прекрива со фолија и се остава 1 саат да надојде, скоро двојно. Потоа повторно се размесува и се остава да се „одмори“ уште 10-15 минути.
5.Од вака довиеното тесто се прават топчиња кои треба да тежат околу 60-70 г, се редат во тава за печење, обложена со хартија за печење. Се добиваат 15-16 топчиња. Тие се оставаат околу ½ саат (или повеќе, во зависност од собната температура) да надојдат.
6.Откако се стасани, топчињата се премачкуваат со жолчка од јајце но за да добијат убава темна боја може да се премачкаат со раствор направен од сода бикарбонат и вода. За таа цел мало филџанче за кафе се полни до половина со вода и во него се става 1/2 лажичка сода бикарбонат и се меша додека потполно се раствори целата сода бикарбонат. Ако се забележи дека на дното на филџанчето се уште има нерастворен дел од бикарбонатот, тогаш се додава уште малку вода. Со овој раствор, со помош на четкичка се премачкува целото топче. Доколку се одлучите да ги мачкате на ваков начин, пожелно е постапката да ја повторите двапати. Со остер нож, или жилет, а најдобро со ножица се засекуваат на две места на горниот дел од топчето
7.Вака спремената тава со топчињата се ставаат во загреана рерна на 230 С да се печат. По 5 минути температурата на рерната се намалува на 190 С и се печат додека заруменат, не повеќе од 10-тина минути и биди внимателен да не загорат.
- Cuisine: Леб и пецива
- Course: Печење
- Skill Level: Средна