Топло чоколадо и тоа во права смисла на зборот. Заборавете на оние инстант топли чоколада кои се продаваат во кесичка. Направете го овој рецепт и ќе се воодушевите од вистинскиот чоколаден вкус.
Топло чоколадо
By September 13, 2013
Published:Топло чоколадо и тоа во права смисла на зборот. Заборавете на оние …
Ingredients
- 480 мл млеко
- 90 г темно чоколадо
- 30 г млечно чоколадо
- 1 лажичка шеќер
- шлаг пена
- чоколадни трошки
Instructions
1.Чоколадото искршете го на парченца и ставете го во сад на пареа.
2.Додадете шеќер.
3.Ставете го млекото.
4.Мешајте се додека чоколадото убаво не се растопи.
5.Префрлете го топлото чоколадо во чаша и по желба декорирајте со малку шлаг пена и чоколадни трошки.