Една од нашите омилени. Торта која често ја приготвуваме за свечени прилики, но и во моментите кога сакаме да ги изненадиме најблиските со домашно парче торта. Толку е вкусна што никој до сега не останал само на едно изедено парче. Ја имате нашата препорака.

Торта „Black Forest“

By Тетка Биберче Published: December 12, 2013

  • Prep: 50 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 1 hr 20 mins

Една од нашите омилени. Торта која често ја приготвуваме за свечени …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Подготовка на првото тесто: Со миксер изматете ги состојките за подготовка на првото тесто. Ќе добиете масно и компактно тесто. Расукајте го во кружна форма (28 сантиметри колку што е големината на калапот за печење), врз мрсна хартија за готвење и тестото печете го на 200 степени, околу 10 минути или се додека не потемнат краевите.
  2. 2.Испеченото прво тесто оставете го да се олади, доколку тестот е поголемо исечете ги краевите за да формирате идеален круг.
  3. 3.Подготовка на второто тесто: Јајцата заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и медот изматете ги пенасто. Префрлете ги во сад за на пареа и смесата варете ја околу десетина минути со постојано матење. Водата, маслото за готвење и румот измешајте ги и додадете ги во смесата. Смесата тргнете ја од оган, ставете го чоколадо и добро измешајте.
  4. 4.Брашното измешајте го густинот, гризот, сода бикарбоната и прашокот за пециво и додадете го во смесата со јајца. Истурете ја смесата во калапот за торта кој претходно сте го обложиле со хартија за готвење и печете на 180 степени околу 20 минути или се додека не се лепи ништо на чечкалица.
  5. 5.Фил од вишни: доколку користите смрзнати вишни, прелијте ги со топла вода и почекајте да се одмрзнат, исцедете ги но зачувајте 400 мл сок. Доколку користите компот од вишни, исцедете и повторно зачувајте 400 мл сок. 300 мл сок сварете го а во останатиот растворете го пудингот од ванила и додадете го во сварениот сок. Додадете 2 лажици шеќер измешајте се додека не добиете густа смеса. Тргнете ја од оган и ставете ги вишните. Напомена: доколку вишните се многу кисели тогаш ставете повеќе шеќер.
  6. 6.Фил од слатка павлака: Желатинот растворете го со малку вода и оставете го да набубри. Загрејте (не да зоврие)150 мл слатка павлака и додадете 200 г бело чоколадо. Мешајте се додека не се растопи, тргнете го настрана, ставете го желатинот и почекајте малку да се олади. Остатокот од слатката павлака матете ја со миксер се додека не добиете густа смеса. Во неа додадете го белото чоколадо и и внимателно измешајте.
  7. 7.Наредете ја тортата. Калапот за печење обложете го со хартија за готвење (дното и страните), ставете ја првата кора и врз неа ставете ½ од филот од вишни. Врз вишните ставете 1/3 од филот од слатка павлака. Ставете ја втората кора, врз неа ставете го остатокот од вишните и 1/3 од филот од слатка павлака. Ставете ја и последната кора и намачкајте го остатокот од филот од салтка павлака. Тортата ставете ја во фрижидер да се стегне.
  8. 8.Глазура: на пареа растопете го чоколадото заедно со 3 лажици масло за готвење. Тргнете го настрана, додадете 2 лажици слатка павлака и добро измешајте. Со чоколадната глазура прелијте ја тортата.