Неверојатно декоративен, но и неверојатно вкусен. Колку често ги среќавате овие две нешта заедно? Искомбинирајте ги и ќе се уверите во ова што ви го кажуваме.

Торта „Зебра“

By Мама Лиле Published: June 5, 2013

  • Prep: 25 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 45 mins

Неверојатно декоративен, но и неверојатно вкусен. Колку често ги …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Најпрво се припрема течната смеса. Сите состојки (шеќерот, маслото, млекото, јајцата, ванилата) се ставаат во сад и рачно се мешаат додека шеќерот се раствори. Оваа смеса се дели на две еднакви делови.
  2. 2.Во друг сад се мешаат брашното и прашок за печење за да се добие светлото тест. Во неа се додава едната половина од течната смеса и се меша додека се добие мазно, релативно тенко тесто.
  3. 3.Во трет сад се меша брашното прашок за печење и какаото за да се добие темното тесто. Се препорачува смесата од брашното и какаото да се пресеат за да нема грутчиња, особено од какаото. Во неа се додава втората половина од течната смеса и се меша додека се добие хомогена, исто така течно тесто.
  4. Торта „Забера“4.Следи најважниот дела за да се добие шара која наликува на зебра. Округла тава се премачкува со маснотија (путер, маргарин или масло) и се посипува со брашно. Се зема една лажица од светлото тесто и се истура точно во средината на тавата, пото се црпнува една лажица од темното тесто и се истура одозгора врз белото тесто. Така се постапува додека се потрошат двете теста. Пожелно е ова да се прави бавно за да може нанесеното тесто малку да се разлее. Кога ставате од втората смеса врз првата за да се добијат поубави кругови, вртете ја лажицата над тестото.
  5. Торта „Забера“5.Се става во згреана рерна на 190° С и се пече 20-тина минути.