Во летните денови ништо не ни годи толку добро како лесен и брз оброк, и токму за ваквите оброци, тестенините се како измислени. Само додадете една, две нови состојки и имате совршен ручек или вечера без многу мака 🙂
Тортелини со сланина и спанаќ
By August 6, 2013
Published:- Prep: 5 mins
- Cook: 25 mins
- Ready In: 30 mins
Во летните денови ништо не ни годи толку добро како лесен и брз оброк, и …
Ingredients
- 4-5 тенки парчиња сланина (околу 150 г)
- 2 супени лажици маслиново масло
- 1 чешне лук (истолчено или ситно исечкано)
- 1/2 кафена лажичка буковец или црвен пипер
- 700 мл доматен сос
- 500 г тортелини со месо (или по избор)
- 150 г спанаќ
- малку пармезан и ливчиња свеж босилок (за декорација)
Instructions
- 1.Загрејте го маслото во големо тавче или тенџерче. На умерен оган ставете ја сланината (исечкана на парчиња) да се пржи додека не стане крцкава.
- 2.Додадете го лукот и буковецот и пржете околу 1/2 минути. Потоа додадете го доматниот сос и оставете ја смеса да зоврие и да врие околу 5 минути.
- 3.Сварете ги тортелините во големо тенџере со сол според упатството на пакувањето, а потоа исцедете ги.
- 4.Во тенџерето со тортелините додадете го спанаќот исечкан на поголеми парчиња и сосот, па добро измешајте.
- 5.Послужете веднаш со малку пармезан и неколку ливчиња свеж босилок.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна