Вегетеријанска гурманска тортиља која ќе ве импресионира со својот вкус. Ние ја направивме со печурки, спанаќ и ставивме малку моцарела и кашкавал. Комбинација на која не и треба ништо повеќе. Одлична закуска за целото семејство.
Тортиља со печурки и спанаќ
By October 24, 2012
Published:- Prep: 10 mins
- Cook: 15 mins
- Ready In: 25 mins
Вегетеријанска гурманска тортиља која ќе ве импресионира со својот вкус. …
Ingredients
- 12 готови тортиљи
- 400 г печурки
- 400 г спанаќ
- 60 г путер
- 50 г кашкавал
- 50 г моцарела
- сол, црн пипер
Instructions
1.Печурките исечкајте ги на парченца. Растопете една лажица путер и испржете ги. Зачинете со малку сол и црн пипер. По желба можете да ставете и малку бело вино за екстра вкус.
2.Истата постапка повторете ја со спанаќот. На растопен путер во истото тавче пропржете го спанаќот. Не повеќе од минута или две. Зачинете со сол и црн пипер.
3.Нарендајте кашкавал и иситнете ја моцарелата на парченца. На тортиљата прво ставете нарендан кашкавал, потоа спанаќ, печурки и парченца моцарела.
4.Загрејте ја грил тавата и растопете една лажица путер. Тортиљата ставете на ја грил тава и запечете ја од двете страни додека не добие фина румена боја.
5.Пресечете ја тортиљата на четири идентични парченца и послужете ја топла. Одлична закуска за целото семејство. Уживајте!