Ви се пие топло чајче или ви треба топла вода за приготвување на инстант кафенце. Тогаш ова е правиот бокал за вас. Производ на Горење  кој ни се допадна на прв поглед особено поради дизајнот кој мора да признаете дека е совршен. Толку изгледа убаво што секој ќе го посака во својата кујна.

Освен што изгледа префинето, ретро но модерно, овој керамички бокал за греење вода има вграден филтер против камененец, автоматски се исклучува и има заштита од работа без вода.

Цената на овој модел изнесува 2290 денари.