Иако има убавина во тоа да ставиш мнооогу различни вкусови на една чинија, па да уживаш во нивната измешаност, понекогаш (барем на мене) ми треба баш обратното. Чисти и одвоени вкусови кои можам самата да си ги мешам по желба. Ова особено важи за јадења кои одат сос некакво сосче од страна. Е арно ама, никогаш не ми успеало да ставам сос и да не ми се разлее насекаде.

Си мислев едно време ова да го средам со служење на сосот посебно, во мали чинивчиња од страна. И пробав, не дека не. Само што крајниот резултат не испадна баш онака како што очекував. Прво, на масата никогаш немам доволно место за да ставам плус садови. Второ, морав кај сите да додавам по една лажичка за да можат да си турат од сосовите, и трето, чаршафите опасно ми страадаа после секоја собиранка. Со еден збор, готова бев да се откажам од служење на сосови. Си реков, е па сега, нека јадат луѓево други работи, баш сосови и не мора да има. Кога, налетувам случајно на овие штипкасти садчиња што можеш да си ги закачиш за секоја чинија, а ем башка, доаѓаат во различни бои, па се се добива и дополнителна живост на трпезата. И најважно од се, нема капење по чаршавите (Ураааа!!!), а да не спомнувам колку се супер за деца!