Драги мои, знаете и самите дека една од најважните работи во мојот живот е секогаш да бидам во тренд со најновото, најдоброто и најмодерното. А во последно време, трендовите за кујнски алатки и прибор не се само поврзани со дизајнот и модерниот изглед, туку и со влијанието на искористените материјали на здравјето, на околината и на што ли уште не.

Ама, она што е најважно (барем на мене, иако не секогаш се придржувам до тоа) е она што ќе го купам да можам да го искористам на најмалку 10-20 различни начини. Е, кога ќе најдам нешто такво, навистина се вадам од кондури, ако ме разбирате. А сега скоро ми се случи таква работа, ако ви се верува.

Си влегувам јас еден ден во Карес (онаа фантастично полна продавница во градски ѕид кај Просветно дело) и останувам зашеметена. Си реков, готово, отиде и плата и заштеда и се останато. Моите ќе ме исфрлат од дома, и тоа без размислување… Морам, ама баш морам да изберам само една работа (за сега :)).

И тука заглавив. Си велам, ќе го земем ова, не, не, ова. А ова? Леле, види го па ова… и така до Месечината и назад. Среќа, персоналот беше повеќе од љубезен и да ме трпи и да ми помогне. Со нивна помош (фала ви девојки :)), конечно успеав да се одлучам за ова тавче за палачинки, бидејќи имаше четири многу битни карактеристики. Прво, ептен е тренди, со 100% природни материјали кои можат компетно да се рециклираат (паднав на ова, што да ви кажувам), второ – не се лепи (ураааа), трето – се мие во машина за садови, и четврто, ама не и најмалку битно – можеш да го ставиш и во рерна (многу се нервирам со другите слични тавчиња со пластична рачка баш заради ова)!!!

П.С. Испробано на палачинкиве и на индиските лепчиња! Екстра!

тавче за палачинки (а и за други работи)