Хммм, плазма и чоколадо….и без готвење….морам да признаам дека е повеќе од фантастично! Да не имате и вие некој рецепт со плазма, вака брзопотезен? Пишете, пишете, бидејќи туку што го прогласив овој месец на ПЛАЗМА!
Триаголници со плазма
By October 4, 2012
Published:Хммм, плазма и чоколадо....и без готвење....морам да признаам дека е повеќе …
Ingredients
- 100 гр мелени плазма кекси
- 100 гр издробени плазма кекси
- 200 гр шеќер во прав
- 200 гр путер
- 3 жолчки
- 200 гр чоколадо за готвење
- 100 мл слатка павлака (за глазурата)
- 100 гр чоколадо за готвење (за глазурата)
Instructions
- 1.Со миксер убаво изматете ги путерот и шеќерот, а потоа додадете ги жолчките и матете додека не добиете пенаста маса.
- 2.Растопете го чоколадото за готвење на пареа или во микробранова печка и додадете го во смесата, а потоа додадете ги и кексите и мешајте со дрвена лажица додека смесата не се изедначи.
- 3.Истурете ја смесата во тригоален калап, а ако немате можете да си направите еден од обичен картон кој ќе го обложите со пластична фолија (само земете парче картон, свиткајте го на три дела и обложете со фолија). Оставете во фрижидер добро да се олади (барем 2-3 часа).
- 4.Направете ја глазурата со тоа што ќе ја загреете слатката павлака и ќе додадете 100 гр чоколадо за готвење. Мешајте додека не се стопи чоколадото и не се изедначи смесата, но внимавајте, ова треба да се прави на слаба температура и смесата не треба да зоврие.
- 5.Извадете го колачето од фрижидер, прелијте го со глазурата и вратете го во фрижидер повторно, додека не се стегне глазурата. За крај, обидете се да се ограничите на само неколку парчиња!
- Cuisine: Десерт
- Course: Без термичка обработка
- Skill Level: Едноставна