Еве една одлична идеја за квалитетен доручек. Наместо да купувате лиснати пецива по пекарите, направете си сами вкусен појадок. Можете да си спакувате неколку парчиња и за на работа и да ги послужите колегите и колешките. Верувајте пријатно ќе ги изненадите!
Триаголници со сланина и кашкавал
By July 20, 2012
Published:Еве една одлична идеја за квалитетен доручек. Наместо да купувате …
Ingredients
- 200 гр брашно
- 120 гр кашкавал (рендан)
- 60 гр путер (ладен и исечкан на коцки)
- 2 млади кромидчиња (ситни сечкани)
- 100-150 гр сланина (тенки парчиња)
- 180 мл павлака за готвење
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
Instructions
1.Во пластичен сад за готвење измешајте ги брашното со прашокот за пециво, додадете сол и шеќер. Потоа, во смесата со брашно додадете го и путерот на коцки и со помош на раце измешајте ја смесата ( не со миксер). Притоа, смесата не ја мешајте многу за дел од путерот да остане нерастопен.
2.Во меѓувреме, тенките парчиња сланина запржете ги на масло за готвење и оставете ги неколку минути на кујнска хартија за да се исцеди маснотијата. Ситно исечкајте ги.
3.Сланината, ренданиот кашкавал и кромидот додадете ги во садот со брашно и путер, промешајте колку подеднакво да се распределат состојките. Додајте павлака за готвење и мешајте додека состојките не се соединат.
4.Ставете ја смесата на хартија за готвење (мрсна хартија) и со помош на сукало формирајте круг.
5.Тестото пресечете го на 8 триаголници и секој триаголник премачкајте го со павлака за готвење.
6.Печете во загреана рерна, на 220 степени околу 20 минути или се додека не поруменат.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Печење
- Skill Level: Едноставна