Бидејќи до сега многу пати докажв дека уживам да приготвувама месени работи, за денес решив малку да експериментирам во боите и вкусовите. Ова е најшарената пита која сум ја направила. И тоа со морков и спанаќ, која буди воодушевување на прв поглед. А, за вкусот! Е во тоа ќе мора сами да се уверите дека е одличен.

Тробојна пита

By Тетка Биберче Published: October 16, 2013

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 30 mins
  • Ready In: 1 hr 40 mins

Бидејќи до сега многу пати докажв дека уживам да приготвувама месени …

Ingredients

Instructions

  1. Три видови тесто1.Од состојките за подготовка на трите видови тесто, замесете средно-меко тесто. Покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат.
  2. 6 ролни тесто2.Секое тесто поделете го на два дела и секој дел, со помош на раце, расукајте во тенка долгнавеста форма. Сите шест долги стапчиња треба да имаа иста должина.
  3. Наредени едно со друго3.Наредете ги едно до друго, започнувајќи со зеленото, жолтото па белото, па повторно по истиот редослед.
  4. Вртење во еден правец4.Со рака, стапчињата вртете ги во еден правец, така да добиете испреплетени стапчиња.
  5. Свиткана пита5.Вака испреплетени, свиткајте ги во форма на полжав.
  6. Тробојна пита6.Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 30 до 35 минути. Оставете ја малку да се олади и сервирајте ја. Добар апетит!