Подобро и побогато слатко задоволство одамна не сме имале прилика да пробаме. Навистина едноставно за правење, а слатко – прсти да излижеш! Пробајте!
Тробојно слатко задоволство
By March 27, 2013
Published:Подобро и побогато слатко задоволство одамна не сме имале прилика да …
Ingredients
- 4-5 чоколадни кекси
- 60 мл ликер од кафе
- 275 г темно чоколадо (исечкано на парчиња)
- 3 жолчки
- 1,5 супена лажица шеќер во прав
- 1 супена лажица пченкарно брашно
- 600 мл слатка павлака
- 150 г бело чоколадо
- 30 г исечкани ореви (или бадеми)
- малку темно чоколадо (за декорација)
Instructions
- 1.Искршете ги чоколадните кекси грубо на парчиња и ставете ги во еден подлабок сад или во 6 чаши за послужување, а потоа залејте ги со ликерот од кафе.
- 2.Растопете го темното чоколадо на пареа. Потоа тргнете го настрана и полека додавајте 225 мл зовриена вода (лажица по лажица со постојано мешање). Ако ја додавате водата побрзо, чоколадото ќе се стврден и ќе се создадат грутки. Истурете го чоколадниот сос врз чоколадните кекси и оставете во фрижидер да отстои барем 2 часа.
- 3.Во меѓувреме, изматете ги јајцата заедно со шеќерот, па додадете го пченкарното брашно и мешајте со миксер додека смесата не стане густа и бледа.
- 4.Загрејте 300 мл од слатката павлака до пред зовривање, а потоа веднаш истурете ја врз смесата од жочки и добро измешајте. Добиениот крем вратете го на слаб оган и варете уште неколку минути додека не се добие густа смеса.
- 5.Ставете 100 г од белото чоколадо во тенџерче или метален сад, а потоа врз него истурете ја жешката смеса со жолчки и павлака и мешајте додека чоколадото не се растопи (можете да вратите се малку над пареа). Изладете ја добро смесата, а потоа истурете ја врз чоколадниот крем. Оставете повторно во фрижидер да се лади 2 часа.
- 6.Остатокот од белото чоколадо ставете го во блендер заедно со оревите и исечкајте ги. Изматете го остатокот од слатката павлака (не премногу цврсто), а потоа додадете ги исечканите ореви и чоколадо и измешајте. Истурете ја смесата врз останатите слоеви и вратете во фрижидер да се излади уште малку. Декорирајте со рендано или сечкано темно чоколадо.