Драги мои, ако сеуште користите неколку чинии кои ги редите една во друга кога ќе ви дојдат гости, тогаш жал ми што морам да ви кажам, ама навистина не сте во тренд. Модата за таквото редење чинии, а да не спомнувам користење на еден куп садови за секој гостин помина.

И така, наместо да користите еден куп, вие си користите само една чинија. Ова решение инаку си има и други предности. Ќе ја наполните оваа чинија со онолку колку што мислите дека треба, и тоа од се одеднаш, па после ич не му се секирате дали сте го извадиле предјадењето или јадењето или салатата, дали гостите се послужиле или не, дали сте ги собрале искористените и непотребни чинии или не. Во два збора – чиста работа!

Само се прашувам дали ова воопшто може да се стави во машина за перење садови. И да, замалку ќе заборавев – што се случува кога треба да се послужи супа?