Тури-потпечи најновиот деликатес од нашата кујна. Можеби не е исто како и печено под вршник, но и оваа варијанта приготвена во рерна е повеќе од одлична. Уживајте во вкусот на традицијата.

Тури потпечи

By Тетка Биберче Published: January 13, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 1 hr 30 mins
  • Ready In: 1 hr 40 mins

Тури-потпечи најновиот деликатес од нашата кујна. Можеби не е исто како и …

Ingredients

Instructions

  1. Готова смеса1.Во пластичен сад, со помош на миксер, измешајте ги сите состојки. Добиеното тесто, слично како за палачинки, оставете го барем половина час да одмори.
  2. Намачкано тавче со масло за готвење2.Тавата во која ќе го печете тури-потпечи, намачкајте ја малку со масло и ставете ја во рерна, на 240 степени, добро да се загрее.
  3. Прв слој3.Со лажица за супа, истураме смеса колку да се направи тенок слој како за палачинка. Печеме се додека не добиеме крцкава кора.
  4. Втора кора4.Ја вадиме тавата и повторно истураме тенок слој смеса. Печеме повторно се додека не добиеме убава и крцкава кора.
  5. Додавање на сирење врз кората5.Продолжуваме да истураме и да печеме, но сега само со вклучен горниот грејач на рерната и со малку отворена рерна. По желба, наросуваме со сирење.
  6. Мачкање со маслиново масло6.На крај, го сечеме тури-потпечи, го мачкаме со слој маслиново масло и го печеме уште неколку минути или се додека не добие златно-кафена боја.
  7. Испечено тури-потпечи7.Оставете го малку да се олади и послужете го со чаша јогурт, кисело млеко, сирење, ајвар.... Имајте добар апетит!