Заменете го месото со соја и добивате во исто време и вегетаријанско и посно јадење. Ние направивме турлитава со многу зеленчук и верувајте ја снема на брзина. Превкусен ручек кој мора да го приготвите во некоја следна прилика и да ни пишете како ви се допадна.
За подготовка на вкусни рецепти потребни се квалитетни продукти, затоа ние ги користевме производите на Виталиа
Турлитава со соја

By May 11, 2013
Published:- Prep: 15 mins
- Cook: 60 mins
- Ready In: 1 hr 15 mins
Заменете го месото со соја и добивате во исто време и вегетаријанско и …
Ingredients
- 50 г соја топчиња Виталиа
- 90 г морков
- 70 г кромид
- 50 г пиперки
- 150 г тиквички
- 150 г компири
- 50 г домат
- 80 г зелена боранија
- 100 г свежи печурки
- 1-2 чешниња лук
- 60 мл ладно цедено сончогледово масло Виталиа
- 2 лажички вита зачин Виталиа
- 200 мл вода
Instructions
1.Потопете ги гранулите соја со врела вода и оставете ги да отстојат кратко време. Исечкајте го кромидот и лукот на ситни коцки и ставете ги да се запржат. Кога кромидот малку ќе омекне, додадете ги гранулите соја и пржете 10-тина минути.
2.Додека сојата се пржи, исечкајте го останатиот зеленчук на не многу ситни коцки и ставете го во тавче за печење со капак. Кога ќе се испржи сојата, додадете ја во тавчето, додадете го и мешаниот зачин, и добро измешајте. Посипете го зеленчукот со вода и малку масло и затворете го со капак или со алуминиумска фолија.
3.Печете на 200ᵒ околу 40 минути, а потоа отстранете го капакот или фолијата и вратете го тавчето во рерната уште 15-тина минути или додека не се запече зеленчукот одозгора. Забелешка: Овие состојки се доволни за оброк за 2 лица.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна