Украси во домот направени од природни материјали се повторно во тренд.  Не е важно дали се од дрво, камен, суви растенија и слично, важно е да се природни. Погледнете ги само овие украсни топки. Нели се супер декоративни? Може да се користат како украсни топки, како лустери (со мала помош од сопругот или партнерот), како вазни за суво цвеќе и на уште милион други начини. Искористете ги долгите летни денови за малку креативност.

Посетете ја супер интересната фејсбук страница ИДЕИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА која ќе ве инспирира и ќе ја потикне вашата креативност. ЛАЈК :)

Украсни топки од коноп

By Гастронаутка Published: June 29, 2012

    Украси во домот направени од природни материјали се повторно во тренд.  …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Надувајте ги балоните, но така да бидат со различна големина и заврзете ги со конец. Оставете подолго парче од конецот да виси за да можете да ги закачите подоцна.
    2. 2.Врзете го едниот крај на конопот околу грлото на балонот (врз конецот), а потоа почнете да го обмотувате конопот околу балонот оставајќи мали дупчиња.
    3. 3.Кога ќе завршите убаво испрскајте ги (или потопете ги балоните) во штирак, а потоа закачете ги да се исушат добро (внимавајте, штиракот ќе капе).
    4. 4.Ако конопот не е цврст кога ќе се исуши, повторете ја постапката со штиракот. На крајот, дупнете го балонот и извадете го, а потоа искористете ги добиените топки како што сакате. Можете дури и да ги испрскате со спреј во боја.