Еве еден традиционален колач од Унгарската кујна, кој ни го испрати нашата драга читателка Долорес. Многу е вкусен, а со самата изработка многу поразличен од сите други. Повелете испробајте го овој десерт.

Унгарка (Маџарица)

By Долорес Кашуба Петров Published: June 19, 2012

    Еве еден традиционален колач од Унгарската кујна, кој ни го испрати …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Припрема за тестото. Во длабок сад убаво се мати путерот со шеќерот. Се додава белката и павлаката и продолжувате со матењето.
    2. 2.Ја додавате мешавината на брашно и пециво, а потоа и румот и се убаво се меси додека не добиете убава мазна смеса месејќи на побрашнета површина.
    3. 3.Убаво измесеното тесто го ставате во прозирна фолија и го оставате во фрижидер 30-45 мин. Кога ќе се олади, го делите на три дела.
    4. 4.На силиконска побрашнета површина го ставате едното тесто, го покривате со прозирна фолија и полека расукувате тенка кора со димензија 30/40 см.
    5. 5.Кога е расукана кората се трга фолијата, а тестото се става со силиконската подлога на опачината на плех од рерна. Потоа се става во рерна која е загреана на 190 с. и се пече 3-5 мин. додека да добие бледо румена боја и на допир да е суво.
    6. 6.Истата постапка ја повторувате и со другите две парчиња од тестото. Потоа ги редиме корите една врз друга, а на секоја ставме хартија за печење како би ги одделиле и на горната ставаме повеке книги за корите да останат рамни. Јас во тавче ставив две шишиња со по 5л вода, а потоа тавчето го ставив врз корите.
    7. 7.Кога се истинати корите, се тргаат фолиите и се сечат на половина по дожина.
    8. 8.Филот се прави така што во половината од топлото млеко се додава чоколадото и полека се мати на умерен оган додека се растопи чоколадото.
    9. 9.Кога смесата ке зоврие и се додава другата половина млеко во која се измешани густинот, шеќерот и румот.
    10. 10.Смесата се меша на тивок оган додека не се добие мазен убаво згуснат фил. Се трга од оган и се додава путерот и се меша додека не се убаво стопи.
    11. 11.Потоа се додава румот и чоколадниот крем и убаво се замешува.
    12. 12.Се зема кора, рамномерно премачкува филот и се така додека не ја затворите Унгарката со кора.
    13. 13.Кога тоа е се готово се полева со глазурата која на умерен оган ја имате растопено. Уваво се премачкува и се става во фрижидер 3-8ч и потоа се сече по желба.