По дома сигурно имате еден куп празни тегли кои фаќаат прашина без никаква корисна намена. Еве еден наш совет за што да ги искористите. Направете уникатни свеќници кои ќе бидат совршен детал за вашиот дом или тераса. Запалете свеќичка, направете си коктел и кулирајте во  пријатна романтична атмосфера.

Ви требаат три тегли -по можност некои со поспецифична форма, платно во три различни дезени, лепак, ножички и четкичка.

Домашен свеќник - Постапка бр. 1

Исецкајте го платното на лентички во висина на теглата.

Домашен свеќник - Постапка бр. 2

Растворете го лепакот во малку вода. Убаво премачкајте ги лентичките и прецизно залепете ги од внатрешната страна на теглите.

Бидете трпеливи додека теглите добро да се исушат. На крај ставете свеќичка и уживајте!

Изработен свеќник

Посетете ја супер интересната фејсбук страница ИДЕИ ЗА ДЕКОРАЦИЈА која ќе ве инспирира и ќе ја потикне вашата креативност. ЛАЈК :)