Познати се како урмашици, а важат за традиционален босански десерт. По вкус нешто слично на турскиот деликатес шеќер паре. Едноставни за приготвување, ако досега не сте ги пробале ја имате мојата препорака. Уживајте.

Урмашици

By Тетка Биберче Published: December 26, 2012

  • Prep: 30 mins
  • Cook: 20 mins
  • Ready In: 50 mins

Познати се како урмашици, а важат за традиционален босански десерт. По …

Ingredients

Instructions

  1. Матење на маргаринот со шеќерта1. Во соодветен сад, со помош на миксер, изматете го омекнатиот маргарин заедно шеќерот.
  2. Додавање на јајцата во смесата2.Во истиот сад, додадете ги јајцата, едно по едно и матете се додека не се соедини смесата.
  3. Додавање на брашното во смесата3.Прашокот за пециво помешајте го со брашното и додадете го во смесата.
  4. Подготвено тесто4.Матете се додека не добиете хомогена, мека смеса.
  5. Формирање на урмашиците5.Од тестото направете долгнавести формички. Секоја урмашица боцнете ја со вилјушка или пак со притиснете ја на ренде.
  6. Наредени во тава за печење6.Тавата обложете ја со мрсна хартија за печење. Бидејќи при печење урмашиците нараснуваат,оставете простор меѓу нив.
  7. Испечени урмашици7.Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 20 до 25 минути или се додека малку не поруменат.
  8. Состојќи за шербет8.Подгответе го шербетот. Загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не добиете фин сируп. Накрај, додадете ги кришките портокал.
  9. Додавање на шербетот врз урмашиците9.Урмашиците, додека се уште топли, прелијте ги со шербетот.
  10. Сервирани урмашици10.Оставете ги неколку часа (ако можете)да се оладат и да го впијат шербетот, па фрлете се на јадење.