Ако по дома немате леб, еве една брза идеја како да го задоволите вашиот глад. Направeте уштипци кои се готови за 15 минути, а се идеални со домати, сирење или павлака.
Уштипци
By July 31, 2013
Published:Ако по дома немате леб, еве една брза идеја како да го задоволите вашиот …
Ingredients
- 200 г брашно
- 1 јајце
- 150 мл јогурт
- 2 лажички сол
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- масло за пржење
Instructions
- 1.Во поголем сад ставете го брашното, додадете јогурт, јајце, прашок за пециво и посолете. Со миксер матете се додека не добиете хомогена потечна смеса. (тестото не стасува бидејќи нема квасец)
- 2.Со подлабока тава за пржење добро загрејте го маслото, а потоа смалете ја температурата. Со лажица вадете од тестото. За да не ви се залепи тестото на лажицата, лажицата намастете ја со врелото масло.
- 3.Пржете неколку минути додека уштипците не добија златно кафена боја.
- 4.Сервирајте веднаш со додаток сирење, јогурт, ајвар или нешто по ваш вкус. Добар апетит.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна