Знаете и самите колку е важно добро да ги измериш состојките кога подготвуваш некој рецепт. Особено па ако се работи за нешто деликатно и нежно, и особено кога тој рецепт се подготвува за некоја посебна личност или му е целта да ги импресионира гостите. И сега, во таква ситуација, и тоа кога спремам по две, три, пет работи одеднаш, стандардно се закачувам за некои рецепти кои бараат да се стави точно 7 грама квасец, или 18 грама сол или 325 г шеќер. Па како да стигнам бе јас до тие бројки со оваа моја кујнска вага (што не е дигитална, нели)? А да ви кажам право, сега да купувам нова (старата сигурно нема да ја фрлам бидејќи уште работи!, па ќе мора да се чува), па ќе мора да ја сместам и новата и ….. резултат: кујната ми служи само за складирање на кујнски работи, бидејќи нема место во неа и да се готви! Катастрофално! Очајно! Ужас!

Туку, среќа што си имам обичај редовно да си свратам во Карес, чисто да видам што има ново (така и велам на мојата поубава половина :)), односно да си се подновам! И пазете на што налетав последниот пат. Дигитална вагичка што се склопува, па можеш да си чуваш негде во фиокче и ич место не завзема. Плус, мери во сите можни единици, плус можеш да избереш опција додај – значи ставаш едно вангличе одозгора па мериш прво брашно, па шеќер, па масло и тд, се во истото и воопшто не мораш да искористиш двеста посебни садови! И кој би можел да му оддолее на такво нешто? Јас сигурно не!