Многумина ваквите кнедли не ги сакаат,не ги сакав ни јас се додека не открив дека може да се направат малку поинаку и да бидат миризливи,вкусни,преубави. Еве како:

Варени кнедли со овошје

By Валентина Крстевска Published: June 27, 2013

    Многумина ваквите кнедли не ги сакаат,не ги сакав ни јас се додека не …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во длабок сад ставете ги сите состојки за кнедлите(освен брашно) и со рачна маталка измешајте ги.Додавајте малку по малку ОСТРО брашно,се додека не добиете еластична топка од тесто кое не се лепи за прстите.
    2. 2.Со мало лажиче земајте од тестото парченца колку орев,обликувајте мали корички,а во нив ставајте по едно парче од овочјето кое најпрво ќе го завалкате во шеќерот.Затворете ја кнедлата и редете ги на малку побрашнета површина.
    3. 3.Во околу 2 литри вода,додадете ја солта,спуштајте ги подготвените кнедли и без да го поклопите садот варете околу 18-20 минути.Кнедлите најпрво ќе стојат на дното од садот,а потоа испливуваат на површината.Со решеткаста лажица вадете ги готовите кнедли и веднаш завалкајте ги во мешавината со презла.
    4. 4.Во мал сад загрејте го путерот,додајте ја презлата,кратко пропржете,па тргнете го садот од ринглата и додајте ги ванила кристалите и шеќерот.
    5. 5.Со овие состојки мене ми излегуваат околу 20-30 кнедли.Ми беше објаснето дека не е добро да се прават со јагоди поради големото количество течност што истите ги содржат.Јас сепак направив и со јагоди и не зажалив,бидејќи јагодите им даваат неверојатно убав мирис,најверојатно заради варењето во затвореното тесто.
    6. 6.Причината поради која јас не ги сакав ваквите кнедли беше што оригиналните војводински и унгарски кнедли се валкаат во мешавина од презла и масло за јадење.Измените што јас ги направив,ме натераа оваа пролет да ги правам безброј пати. НАПОМЕНА: острото брашно од неодамна го има и кај нас во маркетите Стокомак.