Варени охридски ѓевречиња подготвени од нашата пријателка Славица Џорџ по стар Охридски рецепт. Феноменални за доручек, со чаша јогурт и малку сирење. Добар апетит.

Варени охридски ѓевреци

By Славица Џорџ Published: March 7, 2013

    Варени охридски ѓевречиња подготвени од нашата пријателка Славица Џорџ …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Во сад ставете го брашното, квасецот, солта, маслото и свинската маст. Се заедно убаво промешајте со додавање вода.
    2. 2.Замесете средно меко тесто. Оставете го тестото да нарасне околу еден час.
    3. 3.Тестото поделете го на топчиња ( од оваа количина треба да излезат 18 до 20 топчиња).
    4. 4.Со сукало развлечете ги топчињата. Завиткајте ги во форма на ѓеврек. Во меѓувреме во голем сад ставете околу еден литар вода и оставете ја да зоврие.
    5. 5.Во водата ставете едно лажиче мед. Варете ги ѓевречињата околу една минута, а пота префрлете ги во тавче за печење.
    6. 6.Одозгора наросете сусам и печете на 180 степени околу 40 минути додека ѓевречињата не добијат убава кафена боја.