Чипс од морковчиња, да може и тоа. Особено ако ги запржите на путер. Вкус кој одлично оди во комбинација со некое добро мевце и чаша пиво. Предлог кој мора сериозно да го земете во предвид.

Варено-пржен морков на путер

By Тетка Биберче Published: February 19, 2013

  • Prep: 10 mins
  • Cook: 25 mins
  • Ready In: 35 mins

Чипс од морковчиња, да може и тоа. Особено ако ги запржите на путер. Вкус …

Ingredients

Instructions

  1. 1.Измијте ги морковите, излупете ги и ставете ги во сад со зовриена вода да се варат.
  2. 2.По отприлика пет минути, посолете ја водата во која се варат морковите и продолжете да ги варите се додека не омекнат.
  3. 3.Сварените моркови исцедете ги, исечкајте ги на крукчиња, па ставете ги во тава со стопен путер. Пржете ги на средна температура околу 10 минути, постојано мешајќи.
  4. 4.На крај зачините со пипер, додајте малку сечкан магдонос, убаво промешајте и послужете го како салата или прилог со некое јадење.