Колку и да изгледа необично и чудно, сепак овој начин на спремање на јајца се покажа како ефективен. Сите беа прилично изненадени но и задоволни од вкусот, а ние пак среќни поради нивното задоволство, бидејќи сепак и нас ни беше прв пат :). Шала на страна, овие визуелни интересни и вкусни јајца сите ги воодушевуваат.
Варено-пржени јајца
By July 12, 2012
Published:Колку и да изгледа необично и чудно, сепак овој начин на спремање на јајца …
Ingredients
- 6 јајца (или колку ви требаат)
- масло за готвење
- сол, црн пипер
- малку црвена пиперка (за сервирање)
- малку свеж магдонос (за сервирање)
Instructions
- 1.Наполнете го тенџерето со и оставете ја водата да зоврие. Откако ќе започне да врие, ставате ги јајцата едно по едно со помош на лажица. Внимавајте да не ги скршите. Варете ги од 8 до 10 минути. Излупете ги, исплакнете ги и исушете ги на сува крпа.
2.Во подлабока тава за пржење, загрејте масло за готвење и ставете ги сварените јајца. Пржете ги 2 до 3 минути се додека не добијат златеста боја и не станат крцкави.
3.Оставете ги неколку минути на кујнска хартија да се исцеди маснотијата, пресечете ги на пола и сервирајте. Декорирајте со црвена пиперка, магдонос, а по желба ставете мајонез, павлака или сенф.
- Cuisine: Предјадење
- Course: Комбинација
- Skill Level: Едноставна