Веќе неколку години се обидувам да станам вегетаријанка. Токму поради тоа секојдневно смислувам најразлични јадење кои секогаш избилуваат со многу зеленчук. Еве ја мојата варијанта на вегетаријански гулаш.. (Да бидам искрена, во чинијата на маж ми фрлив некoјa колбасица)

Вегетаријански гулаш

By Борка Торбевска Published: June 29, 2013

    Веќе неколку години се обидувам да станам вегетаријанка. Токму поради …

    Ingredients

    Instructions

    1. 1.Секогаш пазам зеленчукот да биде добро измиен. Го сечам на коцкици и најпрвин на малку путер масло го запржувам кромидот. Во случајов користев млад кромид бидејќи го има во продавниците, а и полесно ми се сече.
    2. 2.Во тавата го запржувам морковот, модриот патлиџан и тиквичката. Доколку грашокот и боранијата се замрзнати, ги ставам во топла вода и за само неколку минути тие ќе омекнат.
    3. 3.И нив ги ставам во садот со останатиот зеленчук, налевам вода (околу 1 литар) и ја ставам содржината од кесичката фант за гулаш. Мешам се додека не почне да врие и го оставам гулашот да се готви уште околу 20 минути.
    4. 4.Доколку не сте љубители на вегетаријански варијанти на ручек, запржете колбасици и фрлете ги во манџата. Сакав и да споделам дека фантот е доволно солен, па не ја правете мојата грешка и не додавајте сол или некој друг зачин.