Превкусни се како топли така и ладни, особено со мајонезот без јајца кој го најдов на вашиот сајт 🙂
Вегетаријански ќофтиња
By June 28, 2013
Published:Превкусни се како топли така и ладни, особено со мајонезот без јајца кој …
Ingredients
- 1 мала тиквичка
- 1 главица кромид или 1 врзувче млад кромид заедно со зелениот дел
- 2-3 чешниња лук или 1 главица млад луд заедно се зелените листови
- 3-4 супени лажици лебни
- 2-3 супени лажици Фант смеса за ќофтиња
- малку брашно (може и пченкарно) (по потреба)
- 1/2 врзувче магдонос
- 2 јајца
- малку Црн пипер
- малку рендан ѓумбир (многу малку)
Instructions
- 1.Тиквичката се ренда заедно со лушпата, се додава ситно исечканиот кромид и лук, се додава исечканиот магдонос, двете јајца, изренданиот ѓумбир и двете лажици фант спремен според упатството.
- 2.На крај се додаваат двете јајца и лебните трошки. Бидејќи фантот ги содржи сите потребни зачини, дури и е доволно солена, не е потребно да се додаваат други било какви освен можеби црн пипер.
- 3.Целата смеса се меша и доколку се добие релативно течна смеса тогаш тога треба да се додаде малку брашно.
- 4.Со лажица се црпнува од смесата и се става во добро загреана тава во која е додадено маслото (пожелно е таа да биде тефлонска или керамичка).
- 5.Ќофтињата се пржат од двете страни, се вадат од тавата и се ставаат врз кујнска хартија за да го впие вишокот од масло.
- Cuisine: Главно јадење
- Course: Пржење
- Skill Level: Едноставна