Еве една интересна идеја како овогодишните велигденски јајца да ги направите малку поинакви. И уште подобро, можете да ги вклучите и вашите најмили :). Значи, потребни ви се јајца во различни бои (ова ќе си го направите стандардно како и секоја година), понатаму неколку картонски цилиндри (средината од обична тоалетна хартија), неколку чепкалки за заби и различни темперни бои.

Постапката е едноставна, врвот од чепкалката натопете го во темперна боја, а потоа притиснете врз јајцето и направете ги ливчињата од цветовите. Поставете го јајцето во картонскиот држач и оставете го да се исуши. Потоа, со друга чепкалка и со друга темперна боја, нацртајте го средниот дел од цветот. Оставете го повторно да се исуши и продолжете со следното јајце….