Деновиве забележав дека и кај нас во продажба за прв пат се појави комплет за восочни јајца. Еве како тоа јас го правам од лани:

Потребно Ви е: подебело перце поставено на дрвена дршка, или некое старо пенкало кое може да се полни со мастило(ги викаа и налив перо), восок од пчели, една свеќа, мала лименка во која ќе ставите од восокот и многу голема желба да направите нешто восхитувачко. Во комплетите кои ги споменав има посебна алатка со која се нанесува восокот,а личи како овие чудни дрвца со конусчиња од мојата слика. Во неа всушност, се става малку од тврдиот восот,а со загревање на свеќата тој истекува низ тесниот отвор од металното конусче за да може да се црта по јајцата.

Лани јас постапив вака:
  • Во лименката ставете малку од восокот и на слаб оган загрејте го кратко време. Восокот ќе се стопи и ќе го покрие дното,а набргу потоа ќе се стврдне.
  • Малку загрејте го перцето со кое ќе цртате, гребнете маклу од восокот и почнете да цртате по површината на несварените јајца.
Восок
  • За шарите убаво да се познаваат после боењето, потребно е линиите кои ги исцртувате да бидат убаво,јасно исцртани,да забележите дека со цртањето оставате видлива трага од стопениот восок.

Пишување врз јајцата

  • На интернет на многу места може да најдете најразлични идеи за шари ако веќе немате свои идеи.Јас немав идеја, не знам ни многу да цртам,па затоа повеќето шари ги гледав кај поискусни од мене.
  • Ви уверувам дека ова е навистина постапка,а кога еднаш ќе исцртате едно јајце, станува вистинска “зараза“ следното да биде уште поинтересно и поубаво исцртано.

Велигденски јајца цртани со восок од пчели
Нека Ви се среќни Велигденските празници Вам Мгустовци и на сите Ваши читатели.:)
[sws_scrollable_basic columns=”4″] [/sws_scrollable_basic]