Купете си бели јајца и сварете ги. Во подлабок сад измешајте 50% вода и 50% бел алкохолен или јаболков оцет и секое јајце натопете го со смесата, па оставете го добро да се исуши. Земете едно тавче (да не ви се истура боја наоколу), неколку прехрамбени бои и неколку пластични лажички и чашки. Со лажичката истурете по малку боја врз јајцата. Ставете го јајцето врз капаче од пластично шише и оставете го да се исуши. Потоа разредете ја бојата со додавање на иста толкава количина на вода за да се осветли, па истурете малку од таа боја врз јајцата. Пак исушете го. Повторно разредете ја бојата со вода и истурете малку врз јајцето. И така натаму…. понатаму можете и сами, нели? Забавувајте се и бидете креативни!

правење на пастелни јајца

правење на пастелни јајца