“Верувале или не, јас сум гоооолем гурман! Уживам во ручеци со моите пријатели и секогаш нарачувам повеќе од тоа што сум способна да изедам, сакам од се да пробам но по малце. Единствено нешто што има црвен картон на мојата трпеза се лебот, пецивата и тестенините. Имаат навистина магичен вкус, но како што велат сето тоа оди веднаш во колковите без да влезе во желудник. Имам пробано да бројам калории, но веднаш се откажав.”

Лоба за себе вели дека не е пребирлива личност кога станува збор за изборот на храна. Нејзината листа на јадења кои не ги сака е сосема мала. Немојте да направите грешка и да и понудите бамија или пача. Овие две јадења со сигурност ќе ги одбие и нема ниту од куртоазија да ги проба. За останатото повеќе или помалку нема некој проблем. Ако некој од нашите читатели се почувствува доволно храбар да ја покани на романтична вечера, нема потреба премногу да се труди околу изборот на менито или ресторанот. “Немам никакви посебни барања, доволно е да бидам пречекана со искрена насмевка.”

Бидејќи има руско потекло моравме да ја прашаме за оваа национална кујна и за нејзиниот омилен рецепт. Ни препорача да пробаме традиционална руска салта, која во Русија ја викаат “Оливје”. Салата која слично се подготвува како и онаа наша позната верзија, со единствена разлика што нема морков и што наместо мајонез се става павлака.

Викторија Лоба
Во нејзиниот фрижидер секогаш мора да има Чили сос, а од супермаркет никогаш не заминува без јогурт. Омилена пијалак и е Пелистерка обична, а омилен десерт “трилерче”. Ужива во салата со лосос. Најчесто на пијалак или ручек/ вечера можете да ја најдете или во Ред Кафе или во ресторанот Ѕвезден Океан. Нејзиниот кулинараски специјалитет е “Пилешко во кари”, за кој ни се пофали дека е експерт и дека ќе имаме прилика да го пробаме и да се увериме во неjзиниот став дека нема утка. “Знам доволно добро да готвам, единствениот проблем се обврскитеМожам дури да се замислам и како домаќина и сигурно нема да бидам очајна и неспособнa.”

Има два големи пороци на кои не може да одолее, а тоа се “Слатко-кисело пилешко” од “Ѕвезден Океан” и белгиските вафли. Токму по овие вафли ќе ја памети Белгија како земја во која имала прилика да го проба највкусниот десерт. “Мислам дека се уште немам пробано повкусен десерт од белгиските вафли со свежи јагоди, прелиени со белгиско чоколадо ммммммммммм….По моето патување во Брисел не случајно се вратив 3 килограми поправена .“

Омилено дневно мени

Доручек…….. Потаж супа во Рулет е идеален доручек за мене, зготвена од најдобриот кувар Жика.

Ручек…. Рижото со зеленчук, пилешко во кари, печен лосос или риба во фолија се најчесто мојот избор за ручек. Исто така многу ретко пијам алкохол и газирани пијалоци, така да основен пијалак за време на ручек е скоро секогаш вода.

Вечера….. Чашка зелен чај и две три коцки црно чоколадо во друштво на мама е сосема доволно за крај на убав ден.