Освен производството на врвни вина, Тиквеш е компанија која особено внимание посветува на он лајн промоцијата на своите производи. За таа цел неодамна го редизајнираше својот корпоративен сајт,(www.tikves.com.mk) кој навистина изгледа одлично, направен по сите светски естетски стандарди. Едноставна навигација, вешто одбрани содржини се само дел од одликите на овој сајт.

Освен стандрадните менија каде можат да се најдат информации за историјатот на компанијата, производите, освоените награди, она што нас посебно ни се допадна е специјализирното мени – винска едукација каде има неколку под менија –комбинација со храна, рецепти, вински речник, вино и здравје и вински лекции.

Место каде многумина ќе можат да научат многу повеќе за комбинациите на виното со храна, но и да стекнат одредени вештини и знаења кои треба да ги познава секој вистински конзумент на „пијалокот на боговите“. Браво за Тиквеш.

Вино и храна